Во Адвокатска канцеларија Тренкоски се водиме од принципот на професионалност, кој налага дека треба да бидеме експерти во она што го правиме. За таа цел ние целосно се посветуваме на правните области кои ги нудиме на нашите клиенти.
Искрено веруваме дека Вашите проблеми се еднакво и наши и затоа користејќи го целосниот капацитет на нашиот тим сме спремни да Ве водиме низ правната проблематика и да обезбедиме трајно решавање на Вашите правни проблеми.
Заедно со нашите клиенти, соработуваме на предмети од граѓанската материја, преку составување на иницијални акти и застапување пред основните и апелационите судови во Република Северна Македонија. Често, клиентите и заинтересираните лица, од нас бараат помош во делот на имотно-правните постапки, а особено во врска со семејното и наследното право, стварното (имотното) право и облигационите односни (договорно право).
*Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години *
Деловната способност претставува способност на физичките лица самостојно да изјавуваат правно релевантна волја, односно самостојно да ги остваруваат и штитат своите права и интереси....
Наследувањето претставува пренос на имот на едно лице кое е починато врз други лица, односно неговите наследници, кои може да се јават како...
Facebook Linkedin