Адвокатски тим

Адвокатски Тим

адвокат

Весна Тренкоска

Родена во 1984 година. Дипломирала во 2006 година на Правниот факултет во Скопје, отсек правни студии. За време на студиите а и потоа работи како адвокатски приправник и стекнува приправнички стаж неопходен за полагање на правосуден испит.

По положувањето на испитот од 2009 година до 2016 година работи како стручен соработник во адвокатска канцеларија каде самостојно води предмети до нивно правосилно завршување. Со добивање на лиценца за работа во 2016 година отвара своја сопствена адвокатска канцеларија каде и денес работи.

Во меѓувреме ангажирана е како предавач во приватната академија Cretive Hub, по предмет Правни аспекти на човечки ресурси.

Како предмет на работа е пред се граѓанската материја со посебен осврт на имотно – правни, семејни постапки, наследни, облигациони, постапки по платни налози, управни постапки и кривична материја.

правен консултант

Благица Тренкоска

Благица Тренкоска е родена 1952 година. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје.

Благица Тренкоска | Blagica Trenkoska

Веднаш по дипломирањето се вработува како правник, а по долгогодишното работење во повеќе фирми во правниот сектор, во 1995 година го положува правосудниот испит и отвара своја адвокатска канцеларија.

Како адвокат работи до 2019 година кога се пензионира. Во текот на својата работа како адвокат работела во сите области на правото со посебна специјалност на работните спорови, поради долгогодишното искуство во работните организациии во кои претходно работела, имотно правните спорови но и сите останати спорови од граѓанската, кривичната материја и управните спорови. Од 2019 година хонорарно е ангажирана во нашата канцеларија како консултант.

надворешен соработник

Снежана Арнаудовски

Родена во 1982 година. Дипломирала на Правниот фактултете во Скопје. Во периодот од 2006 – 2008 година работи како адвокатски приправник заради стекнување на приправнички стаж потребен за полагање на правосуден испит.

Во 2008 година го положува правосудниот испит и до 2014 година е стручен соработник во адвокатска канцеларија.

Во 2014 година работи во нотарска канцеларија каде се стекнува со особено знаење од областа на состав на секако вид на договори, извршни клаузули, платни налози и оставински постапки.

Во 2015 година се стекнува со лиценца за работа и отвора сопствена адвокатска канцеларија. Адвокат Снежана Арнаудовски соработува со нашата канцеларија од 2019 година во делот на имотно – правни, семејни и постапки по платни налози.

адвокатски приправник

Стефан Бошњаковски

Роден на 30.08.1994 година во Скопје.Во 2021 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во текот на 2021 година се запишува на мастер студии од областа на Казненото право при Правниот факултет„Јустинијан Први“ во Скопје, каде треба да се стекне со називот Магистер од областа на Казнено право.

Мартин Димовски | Martin Dimovski

Во периодот од октомври 2020 година до декември 2021 година работи како волонтер – практикант во Основното јавно обвинителство во Скопје, каде извршува работи од областа на казненото право.

Од Јануари 2022 година работи како адвокатски приправник во Адвокатската канцеларија на адвокат Весна Тренкоска – Апостолоски

стручен соработник

Ана Гиговска

Родена во Скопје на 09.10.1983 година. По завршување на средното гимназиско образование се запишува на правниот факултет во Скопје, отсек правни студии. Во текот на студирањето повремено е ангажирана на проекти финансирани од USAID и проект на Unicef компонента Инклузивност во образованието.

Од април 2013 година до март година волонтира во Кривичниот суд Скопје, а во период од март 2014 година до април 2015 година волонтира во Граѓанскиот суд во Скопје. Во 2014 година паралелно извршува обврски како заменик-секретар во Општинска изборна комисија.

Од мај 2016 година до декември 2020 година е вработена како правник во приватна градежна фирма, а главни обврски и се човечки ресурси, безбедност и здравје при работа, договори, постапки пред нотар, осигурување, ИСО стандарди и слично.

Положила правосуден испит во јануари 2019 година. Од јануари 2021 година е стручен соработник во адвокатската канцеларија.

Блог

19 Мај 2024

ПРАВО НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА

*Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години *

23 Ноември 2022

Деловна способност

Деловната способност претставува способност на физичките лица самостојно да изјавуваат правно релевантна волја, односно самостојно да ги остваруваат и штитат своите права и интереси....

28 Октомври 2022

Оставина и оставинска постапка

Наследувањето претставува пренос на имот на едно лице кое е починато врз други лица, односно неговите наследници, кои може да се јават како...

Сите статии

Стапи во контакт

+389 78 359 415

закажи консултација