*Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години *
Вака гласи одредбата од Кривичниот законик која го регулира кривичното дело Телесна повреда. Секој кој што телесно ќе повреди друго лице, независно дали му е познато или не, или се работи за семејно насилство има право да поведе постапка пред кривичниот суд, со месна надлженост каде што е сторено делото, како би се утврдила вината на сторителот и истиот би бил казнет согласно законот.
Рокот за отпочнување на кривичната постапка е 3 месеци сметано од сторувањето на делото односно три месеци од дознавањето на идентитетот на сторителот.
Во текот на кривичната постапка, каде се утврдува вината на сторителот, жртвата има право само да предјави имотно - правно побарување но има право барањето за надомест на штета да го оствари и во текот на кривична постапка.
Физичките лица може да бидат:
потполно деловно способни
делумно/ограничено деловно способни
целосно деловно неспособни
Сепак, судска пракса предвидува за побарување за надомест на штета тужителот да биде упатен на граѓанска парница пред граѓанските судови. Месно надлежен суд за остварување на надомест по основ на нематеријална штета е судот на подрајчето каде е сторено штетното дејствие и судот на подрачје каде тужениот има живеалиште или престојувалиште и тоа најдоцна во рок од 3 месеци сметано од правосилно завршување на кривичната постапка.
За да едно лице биде обештетено за повреда на неговите лични права односно заради здобиената физичка болка од повредата како и претрпена душевна болка заради страв, намалена животна активност или нагрденост жртвата пред поднесување на тужба потребно е да ангажира вешто лице за да изработи вешт наод и мислење од областа на психијатријата, каде преку непосреден разговор со вештото лице, ќе се утврдат висината и интензитетот на траење на физичката болка и душевното страдање на жртвата и врз таа основа се поставува тужбеното барање чија висина на тужбено барање за секој основ одделно го уредува адвокатот во консултација на својот клиент, тужителот.
Деловна способност – целосно или делумно одземање на деловната способност
Деловната способност претставува способност на физичките лица самостојно да изјавуваат правно релевантна волја, односно самостојно да ги остваруваат и штитат своите права и интереси.
Деловната способност се стекнува со навршување на 18 години од животот, кога лицето всушност станува полнолетно. Деловната способност постои се додека не биде целосно или делумно одземена во судска постапка со правосилна судска одлука.
Физичките лица може да бидат:
потполно деловно способни
делумно/ограничено деловно способни
целосно деловно неспособни
Постапката за целосно или делумно одземање на деловната способност, судот ја поведува по службена должност или по предлог од брачниот другар, дете, внук, родител, дедо, баба, брат, сестра и секој друг кој со тоа лице живее во трајна заедница, како и по
предлог од надлежниот центар за социјална работа.
Причините кои би можеле да доведат до одземање на деловната способност, целосно или делумно се: душевно заболување, слабоумност, употреба на алкохол или други нервни отрови, наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, односно лице кое не е
во состојба да се грижи за себеси и за заштита на своите права и интереси.
Во таа насока:
целосно деловно неспособни лица се сметат лица до навршени 14 годишна возраст и полнолетни лица на кои во вонпарнична постапка им е одземена деловната способност, а нивните правни дела се
апсолутно ништовни, односно не произведуваат правно дејство,
делумно деловно способни лица се сметаа лицата од 14 до 18 годинашна возраст и лицата на кои во вонпарнична постапка им е ограничена деловната способност, а нивните правни дела се полноважни
со претходна или дополнителна согласност на законскиот застапник.
Постапката за одземање или ограничување на деловната способност е итна.
Како задолжителен доказ кој се изведува во постапката за одземање на деловна способност е психијатриски наод и мислење изработен од најмалку двајца лекари, од кои еден од нив мора да биде специјалист за нервни и душевни болести.
По престанокот на причините поради кои на лицето му е одземена деловната способност судот ќе донесе решение со кое ќе му ја врати деловната способност целосно или делумно.
Наследувањето претставува пренос на имот на едно лице кое е починато врз други лица, односно неговите наследници, кои може да се јават како:
Законски наследници од прв, втор и трет наследен ред
Наследници врз основа на тестамент – тестаментални наследници
Оставител е лице чиј имот се распределува на неговите наследницинаследници
Оставинска постапка се поведува со поднесување на Предлог за поведување оставинска постапка до надлежен Основен суд, кој Предлог може да биде поднесен од било кој наследник на оставителот или пак преку адвокат со уредно полномошно.
Со воведените измени во Законот за вонпарнична постапка, од 1ви март 2008 година, нотарите се јавуваат како повереници на судот, па во однос на тоа со самото поднесување на Предлогот, надлежниот Основен суд назначува надлежен нотар кој ќе расправа за
оставината.
По назначување на надлежениот нотар, наследниците најпрвин пристапуваат со наследнички изјави кои можат да бидат позитивни или негативни односно дека асе прифаќаат за наследници на оставината која по закон им припаѓа или да се откажат од наследување,
па во таа насока се закажува рочиште за расправање на оставинската маса на оставителот, на кое рочиште задолжително е присуството на адвокат ангажиран од страна на наследниците, а по одржаното рочиште за расправање на оставината
доколку нема никакви приговори или оспорувања, надлежниот нотар донесува Решение со кои ќе бидат огласени наследниците, како и имотот и правата кои се наследуваат.
Против ова решение законските наследници имаат право на приговор.
Правото за поведување на оставинската постапка не застарува!
Законот за кривичнaта постапка на РСМ предвидува можност за спогодување на јавниот обвинител и осомничениот за видот и висината на кривичната санкција за кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот.
Предлог спогодба може да се поднесе за секое кривично дело,без било какви ограничувања во однос на пропишаната кривична санкција.
Постапката за спогодување започнува од моментот кога една од странките јавниот обвинител или осомничениот изразиле волја за спогодување. Пред да се поднесе предлог.
спогодба до судот, странките преговараат во делот на видот и висината на кривичната санкција во кое преговарање задолжително е присуство и на бранител на осомничениот избран по сопствен
избор или по службена должност. Судот не смее да учестува во постапката за спогодување.
Потпишаната спогодба помеѓу странките до судот ја доставува надлежен јавен обвинител а судот во рок од 3 дена од приемот закажува рочиште за оценка на спогодбата на кое го повикува странките во постапката.
Судот одлучува дали ќе ја одбие предлог спогодбата или ќе донесе Пресуда врз основа на спогодбата. Судот пресудата ја објавува веднаш а ја изготвува во рок од 3 дена.
Важно е што осомничениот во текот на постапката за спогодување доколку потпише спогодба со јавениот обвинител меѓудругото треба да потпише и изјава дека доброволно и свесно ја прифаќа спогодбата и последниците кои произлегуваат од неа како и изјава дека
дека се откажува од правото на жалба на Пресудата врз основа на предлог спогодба.
Правото на штрајк претставува уставно загарантирано, демократско право на работникот преку кое што го искажува својот револт, а со цел остварување на своите права и интереси од работен однос.
Покрај тоа што правото на штрајк е предвидено и загарантирано како неприкосновено право на работникот со Уставот на Република Северна Македонија, истото е регулирано и опишано во Законот за работни односи.
Па во однос на тоа, во членот 236 од Законот се предвидени права и обврски за време на штрајкот и тоа:
Синдикатот и неговите здруженија на повисоко ниво имаат право да повикаат на штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос,
во согласност со закон.
Штрајкот мора писмено да се најави на работодавачот, односно здружението на работодавачите против кои е насочен, а штрајкот на солидарност на работодавачот кај кого тој штрајк се организира.
Штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон. Обврската за помирување не смее да го ограничи правото на штрајкот, кога таква постапка е предвидена
со овој закон, односно пред спроведувањето на друга постапка за мирно решавање на спорот за која страните се договориле.
Штрајкот на солидарност може да започне без спроведување на постапка за помирување, но не пред истекот на два дена од денот на почетокот на штрајкот за чија поддршка се организира.
Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да се наведат причините за штрајкот, местото на одржувањето на штрајкот и денот и времето на почетокот на штрајкот.
Штрајкот мора да биде организиран на начин со кој нема да се оневозможува или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за работниците кои не учествуваат во штрајкот, забрана
на влез на работниците и на одговорните лица во деловните простории на работодавачот.
Во поглед на последиците од организирање и учество во штрајкот, истите се опишани во членот 239 од Законот за работни односи и се однесуваат на тоа дека:
Работникот не смее да биде ставен во понеповолна положба од другите работници поради организирање или учество во штрајк, организиран во согласност со одредбите на закон и колективен договор.
На работникот може да му се даде отказ само ако организирал или учествувал во штрајк кој не е организиран во согласност со закон и колективен договор или ако за време на штрајкот направил
некоја друга тешка повреда на договорот за вработување.
Работникот не смее на кој било начин да биде присилен да учествува во штрајкот.
Воедно, Законот за работни односи предвидува дека на работниците кои учествуваат во штрајкот, односно за време на штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со песебни прописи на најниската основица за плаќање на придонесите,
а организаторот на штрајкот може од свои средства да им обезбеди надоместок на нето плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот.
Во нашата адвокатска канцеларија многу често нашите клиенти имаат дилема околу тоа каков договор да склучат со своите деца, со лицата со кои се во заедница или имаат друг близок однос и кон нив имаат волја да го располагаат својот имот.
Подолу во текстот даваме компарација на разлики и сличности помеѓу Договор за дар и Договор за доживотна издршка.
Со Договорот за дар дарувачот се обврзува да му пренесе на даропримачот во сопственост определен предмет, му отстапува некое право или му отпушта долг, или му презема долг, без надомест.
Дар може да направи само лице со полна деловна способност;
Дар може да прими и лице со ограничена деловна способност, како и деловно неспособно лице;
Договорот за дар мора да биде склучен во писмена форма и заверен на нотар;
Со договорот за дар, даропримачот веднаш по заверка на договорот го прима дарот во своја сопственост и владение и се запишува како сопственик во јавни книги;
Доколку Дарувачот сака да го ограничи правото на располагање на дарот од страна на даропримачот, може да воспостави право на плодоуживање односно да примателот на дар неможе без согласност
на дарувачот истиот да го располага и оптоварува на било кој начин;
Дарувачот може да го раскине договорот и да го отповика направениот дар, во случај кога даропримачот со своето однесување кон него или на нему блиско лице, покаже крајна неблагодарност. Ова
право преминува и на наследниците.
Договорот за доживотна издршка претставува двострано – обврзувачки договор кој се склучува помеѓу давател на издршка од една страна и примател на издршка од друга страна.
Двострано – обврзувачки е затоа што давателот на издршка се обврзува да го издржува или да се грижи за примателот на издршка се до неговата смрт, а од друга страна примателот на издршка во
надомест или како возврат за таа грижа му го остава целиот свој имот или определен дел од имотот на давателот на издршка, чие предавање е одложено се до смртта на примателот на издршка.
Договорот за доживотна издршка мора да биде склучен во писмена форма и заверен на нотар или од надлежен суд во присуство на сведоци;
Давателот на издршката се стекнува со право на сопственост на имотот и упис на свиое име во јавните книги по смртта на Примателот на издршката.
Прекршочната санкција може да биде изразена во вид на опомен, глоба, одземање на возачка дозвола, забрана со управување моторно возило, итн.
Во нашата држава, се се повеќе актуелни прекршоците сторени во сообраќајот кои пак се регулирани со Законот за безбедноста на сообраќајот и патиштата. Пред се тоа укажува на непочитување на пропишаната регулатива, а со тоа и не
водење грижа за безбедноста во сообраќајот како и грижа за сигурни патишта. Имајќи го во предвид ова, како најчест прекршок во однос на сообраќајот претставува управување со возилото под дејство на алкохол.
Согласно новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата, во членот 228 од законот, изрично се забранува управување со возило под дејство на алкохол.
За состојба под дејство на алкохол се смета содржина на алкохол во крвта над 0.50 g/kg, за што е пропишана глоба односно на сторителот на прекршокот му се издава прекршочен платен налог, чија висина зависи од содржината на алкохол
во крвта.
Во одредени случаи каде содржината на алкохол во крвта е многу повисока покрај прекршочниот платен налог, може да се одреди и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
Имено, управувањето со моторно возило под дејство на алкохол, доколку тоа биде констатирано од страна на полициско службено лице претставува сторен прекршок за кој е пропишана соодветна казна/глоба.
Од друга страна управувањето со моторно возило под дејство на алкохол само по себе не преставува кривично дело, но во најголем број случаи може да биде главен фактор кој придонесува до случување на сообраќајна незгода, од која
можат да бидат причинети телесни повреди, тешки телесни повреди или пак смрт на некое лице, што во ваков случај возачот на моторното возило кој ја предизвикал сообраќајната незгода е сторител на кривично дело, кое е инкриминарано
во Кривичниот законик.
Најчесто, промената на лично име се бара по разводот на брак во случаеви кога жената при склучување на бракот го земала презимето на сопругот или кон своето презиме го додала презимето на сопругот.
Согласно Законот за личното име на РСМ, поранешниот сопруг неможе присилно ниту по судски пат да бара од својата поранешна сопруга промена на нејзиното лично име( презиме ) односно отстранување на неговото презиме од нејзиното
лично име доколку тоа таа не го сака.
За секој кој сака да го промени своето лично име ( име и презиме ) постапката е следна:
Барањето за промена на личното име се поднесува во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи според живеалиштето на барателот.
Кон барањето се доставува:
доказ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
уплатница за уредно платена административна такса во износ од 300,00 денари;
извод од матична служба на родените за барателот ; ( Пред поднесување на барањето за промена на презиме, правосилната пресуда за развод на брак треба да биде доставена до матичната служба и евидентирана
во Изводот на родените на барателот за да тој побара промена на презиме по основ на развод)
уверение односно известување од надлежен суд дека за подносителот на барањето не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност;
уверение односно известување од надлежен центар за социјални работи дека подносителот на барањето ги има регулирано имотно-правни и други законски обврски што произлегуваат од брачниот однос.
Министерството за внатрешни работи донесува решение за промена на личното име во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за промена на личното име.
Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лице кое не се служи со личното име што му е запишано во матичната книга на родените.
Оваа постаапка можете да ја спроведете лично или преку полномошник.
Согласно последните измени на Законот за работните односи кои стапуваат во примена на 01 јануари 2022 година, како ден на неделен одмор е утврден ден недела за сите работници со исклучок на оние кои работат на работни места каде е
потребен континуитет во работата или работниот процес неможе да се прекине поради техничко технолошкиот процес како и работниците кои работат во трговија на мало и трговија на големо.
Работниците за кои денот недела не е ден за одмор имаат право на користење на неделен одмор во наредните седум дена како и право на додаток за плата за работа во недела која изнесува најмалку 50 % за секој поминат час на работа.
Работодавачот кој согласно својата дејност има право да ја обавува својата дејност во недела работењето треба да го пријави до надлжениот инспекторат пред да започне со работа.
Доколку работодавачот не ги исполнува законските услови за работа во недела или тоа не го пријавил, подлежи на забрана за работа поради сторена неправилност во траење од 15 односно 30 дена и прекршочен казнен налог. Во периодот на
забрана за работа работодавачот не смее да ја намали платата на работниците или да го намали бројот на вработени.
Во нашето законодавство и судска пракса е забрането и недозволено двојно судење.
Што тоа значи?
На никого неможе повторно да му се суди или да биде повторно казнет во кривична или прекршочна постапка, во надлежноста на една иста држава за дело за кое веќе бил правосилно ослободен или осуден во согласност со законот и кривичната
постапка на државата.
Оваа одредба е предвидена во член 4 став 1 од Протоколот бр. 7 на Европскиот суд за човекови права во Стразбург, кој протокол и предвидена одредба има особена примена во нашето законодавство и судска пракса.
Од тука, доколку за еден настан против вас се води прекршочна и кривична постапка во исто време а обележјето на делото во двете постапки е на ист начин опишано и се работи за еден ист настан ( исто време , час, лица, опис на дејствие)
онаа постапка која прва правосилно ќе заврши се зема во предвид а ( втората ) постапката која сеуште е во тек надлежниот прекршочен орган / суд ќе ја отфрли со решение поради пресудена работа доколку вие доставите соодветен доказ
дека за истиот настан има правосилна одлука од друг орган.
Согласно законите ва РСМ, жртвите на семејно насилство преку итни постапки добиваат брза и ефикасна заштита на нивниот живот, здравје и интегритет со изрекување на судски привремени мерки.Како семејно насилство не се смета само физички
напад но и предизвикување на чувство на страв, повреда на достоинство, демнеење и заканување, вршење на сексуален акт без дадена согласност, спречување во располагање со лични приходи и средства и ограничување во користење на апарати
од заедничкото домаќинство.
За времетраење на мерките, жртвата има право на полициска придружба доколку тоа го побара. Во зависност од секој индивидувален случај и потреба на жртвата кон насилникот се изрекуваат следните мерки:му се забранува да ја контактира
преку телефон или социјални мрежи, да ја малтертира и на друг начин вознемирува. На насилникот му се ограничува движењето односно му се забранува да и се приближува на жртвата на растојание од 100 м а по потреба се остранува и
од заедничкиот дом без оглед на тоа чија е сопственоста а се со единствена цел да се спречни насилството.
Во зависност од времетраењето и интентзитетот на насилството, мерките се изрекуваат за период од 3 до 12 месеци, со можност за нивно продолжување. Мерките ги изрекува судот а доколку истите не се почитуваат на насилникот дополнително
му се изрекува парична казна во висина од 500 до 5000 евра во зависност од видот на мерката која не се почитува.
Овие постапки се исклучително брзи а жалба против одлуката не го задржува нивното извршување, што значи дека се применливи веднаш.
Согласно Законот за финансиска дисциплина, како ништовна договорна одредба во договорите и издадените фактури ќе се смета онаа одредба која за доверителот е значително неправедна и на нефер начин односно ништвона е онаа одредба во
која се одредува рок на плаќање на фактурата подолг од 60 дена помеѓу оператори од приватниот сектор како и кога го ограничува доверителот во наплата на казнена камата и трошоци во врска со ненавременото плаќање на должникот.
Доколку должникот ненавремено ја плати фактурата, истиот е должен на барање на доверителот да му исплати дополнително и износ од 2.400,00 денари за секоја неплатена фактура и да му ги исплати сите настанати трошоци во врска со задоцнетото
плаќање и казнена камата.
За задоцнетото плаќање ќе биде поведена и прекрошочна постапка од страна на надлежен орган за приватниот сектор, Државниот пазарен инспекторат и ќе биде изречена глоба и тоа за правното лице од приватен сектор во висина од 10.000,00
евра, за одговорното лице во правното лице 30 % од изречената глоба на правното лице а за физичко лице глоба во висина од 1.000 евра до 1.500 евра.
Едно од многу често поставуваните прашања е дали роднините на починат родител или на родител кој не е во земјата имаат право да остваруваат непосредни контакти со малолетното дете при развод на брак.
Немањето на контакт меѓу малолетното дете и овие негови роднини несомнено оди на штета на биолошкиот и социјалниот идентитет на детето.
Во таа насока, Законот за семејство на РСМ ја регулира оваа проблематика на начин што предвидува да малолетното дете има право да одржува непосредни контакти со родителите и другите блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого
му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право.
За ваквото право односно за начинот на кој ќе се одржуваат контактите, одлучува Центарот за социјални работи со посебно решение.
Одлуката на Владата да не го продолжи породилното отсуство на мајките и отсуството од работа на родителите на деца од 0-6 години, го наметнува прашањето кои се правата на овие категории работници согласно Законот за работните односи.
При завршувањето на родителското отсуство, самиот работник го има правото да се врати на истото работно место, или, доколку тоа не е возможно, на соодветно работно место според условите пропишани во договорот за вработување.
Во случаите во кои работничката е бремена или со дете до една година возраст таа не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе. Спротивно на тоа, оние работнички кои имаат дете од една до три години возраст може да извршуваат
прекувремена работа или работа ноќе, само ако претходно за истото дадат писмена согласност.
По согласност на самиот родител, може да се наложи вршење на прекувремена работа и работа ноќе и на оние родители кои имаат дете помладо од седум години или тешко болно дете или дете со телесен или душевен недостаток – чиј родител
треба да живее сам со детето и да се грижи за неговото воспитување и заштита.
Работничките кои сѐ уште дојат и започнуваат повторно со работа во полно работно времее, согласно законот, имаат право на платена пауза во текот на денот, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза.
Ова право, тие може да го ползуваат до наполнета една годишна возраст на детето.
Од друга страна, кога говориме за работнички кои се бремени, Законот бара работодавачот да воведе повеќекратно оценување на ризиците кои можат да влијаат на бремената жени, нејзиното неродено или новородено дете. Понатаму заштита на
Законот може да се огледа и во фактот што работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување со работникот за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за
родителство од страна на татко или поствоител на дете и слично.
Отказот на договорот за вработување е ништовен доколку на денот на неговото врачување работодавачот бил запознаен со околностите на бременоста или доколку во рок од 15 дена од врачувањето, работникот го извести работодавачот за настапување
на погоре наведените околности. Оваа околност сепак не важи доколку се работи за Договор на опоределено време, кој по неговиот истек може и да не се продолжи од работодавачот независно од колноста дали работничката е бремена.
Еден интересен податок во однос на правото на породилно отсуство, кое сите знаеме дека е во времетраење од девет месеци, но ретко кој знае дека во случај на раѓање на повеќе деца одеднаш (пр. близнаци) работничката има право на отсуство
од 15 месеци. Истите права ги има и работничката која посвојува едно или повеќе деца.
Едно од најчесто поставувано прашање во текот на бракоразводните постапки е дали судот пред кој се води разводот го уредува и начинот на видувањата на малолетните деца со родителот кому децата не се доделеи со разводот на бракот.
Постапката за уредување на видувања на родителот со малолетното дете, во постапките по тужба за развод на брак е управна постапка и ја води Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
Родителот кој сака да го уреди видувањето со своето дете а неможе или несака околу тоа да се договори со својот поранешен брачен другар поднесува писмено барање за видување до надлежниот Центар за социјални работи на подрачето на РСМ
каде децата живеат.
Центрите преку своите надлежни органи ги повикуваат одделно двајцата родители на разговор, добивајќи сознанија во врска со нивните работни обврки, работа во смени, слободно време, хонорарна работа а од друга страна возраста на децата
и нивните школски и воншколски активности како и нивните ставови и мислења во зависност од возраста.
Центарот каде е поднесено барањето има обврска да донесе решение за уредување на видување најдоцна во рок од два месеци од кога е поднесено барањето од родителот.
Барање за уредување на лични односи може да поднесе секој од родителите односно и родителот каде децата не се доделени и оној кому децата му се доделни во текот на бракоразводната парница, по завршувањето како и пред почнување на постапката
за развод на брак.
Правото на поднесување на вакво барање не застарува.Незадоволниот родител има право на жалба против донесеното решение.
Facebook Linkedin