Адвокатската канцеларија Тренкоскси постои од 2016 година. Уште од самиот почеток се карактеризираме со посветеност, борбеност и квалитетни услуги.
Во таквата одлика на нашата канцеларија голем удел имаат и нашите клиенти, без разлика дали се физички или правни лица, за кои секогаш се трудиме да обезбедиме што е можно поефикасна и поефективна правна услуга.
Услугите кои ги нудиме на нашите клиенти не се случајно одбрани, напротив тие се производ на специјализацијата на сите членови во тимот на Адвокатска канцеларија Тренкоски. Секој од нас ги користи своите способности и знаења во корист на квалитетно решавање на Вашиот правен проблем, преку ефикасно работење, без непотребни одложување на постапките и правење на непотребни трошоци.
Во нашата работа секогаш се водиме од принципите на чесност, совесност и професионалност, но пред сѐ од принципот на доверливост. Токму доверливоста која ја имаме кон нашите клиенти е основата на нашата соработка.
Нашата почит кон Вашето време нѐ прави динамични и флексибилни во делот на закажување и одржување на средби непосредно во канцеларијата или преку електронска комуникација.
Нашата мисија е заштита на Вашите правни интереси, а нашата основна цел се задоволни клиенти.
Вашиот успех е и наш успех.
*Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години *
Деловната способност претставува способност на физичките лица самостојно да изјавуваат правно релевантна волја, односно самостојно да ги остваруваат и штитат своите права и интереси....
Наследувањето претставува пренос на имот на едно лице кое е починато врз други лица, односно неговите наследници, кои може да се јават како...
Facebook Linkedin