Едно од најчесто поставувано прашање во текот на бракоразводните постапки е дали судот пред кој се води разводот го уредува и начинот на видувањата на малолетните деца со родителот кому децата не се доделеи со разводот на бракот.
Постапката за уредување на видувања на родителот со малолетното дете, во постапките по тужба за развод на брак е управна постапка и ја води Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
Родителот кој сака да го уреди видувањето со своето дете а неможе или несака околу тоа да се договори со својот поранешен брачен другар поднесува писмено барање за видување до надлежниот Центар за социјални работи на подрачето на РСМ каде децата живеат.
Центрите преку своите надлежни органи ги повикуваат одделно двајцата родители на разговор, добивајќи сознанија во врска со нивните работни обврки, работа во смени, слободно време, хонорарна работа а од друга страна возраста на децата и нивните школски и воншколски активности како и нивните ставови и мислења во зависност од возраста.
Центарот каде е поднесено барањето има обврска да донесе решение за уредување на видување најдоцна во рок од два месеци од кога е поднесено барањето од родителот.
Барање за уредување на лични односи може да поднесе секој од родителите односно и родителот каде децата не се доделени и оној кому децата му се доделни во текот на бракоразводната парница, по завршувањето како и пред почнување на постапката за развод на брак.
Правото на поднесување на вакво барање не застарува.Незадоволниот родител има право на жалба против донесеното решение.