Едно од многу често поставуваните прашања е дали роднините на починат родител или на родител кој не е во земјата имаат право да остваруваат непосредни контакти со малолетното дете при развод на брак.
Немањето на контакт меѓу малолетното дете и овие негови роднини несомнено оди на штета на биолошкиот и социјалниот идентитет на детето.
Во таа насока, Законот за семејство на РСМ ја регулира оваа проблематика на начин што предвидува да малолетното дете има право да одржува непосредни контакти со родителите и другите блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право.
За ваквото право односно за начинот на кој ќе се одржуваат контактите, одлучува Центарот за социјални работи со посебно решение.