Согласно Законот за финансиска дисциплина, како ништовна договорна одредба во договорите и издадените фактури ќе се смета онаа одредба која за доверителот е значително неправедна и на нефер начин односно ништвона е онаа одредба во која се одредува рок на плаќање на фактурата подолг од 60 дена помеѓу оператори од приватниот сектор како и кога го ограничува доверителот во наплата на казнена камата и трошоци во врска со ненавременото плаќање на должникот.
Доколку должникот ненавремено ја плати фактурата, истиот е должен на барање на доверителот да му исплати дополнително и износ од 2.400,00 денари за секоја неплатена фактура и да му ги исплати сите настанати трошоци во врска со задоцнетото плаќање и казнена камата.
За задоцнетото плаќање ќе биде поведена и прекрошочна постапка од страна на надлежен орган за приватниот сектор, Државниот пазарен инспекторат и ќе биде изречена глоба и тоа за правното лице од приватен сектор во висина од 10.000,00 евра, за одговорното лице во правното лице 30 % од изречената глоба на правното лице а за физичко лице глоба во висина од 1.000 евра до 1.500 евра.