Согласно законите ва РСМ, жртвите на семејно насилство преку итни постапки добиваат брза и ефикасна заштита на нивниот живот, здравје и интегритет со изрекување на судски привремени мерки.Како семејно насилство не се смета само физички напад но и предизвикување на чувство на страв, повреда на достоинство, демнеење и заканување, вршење на сексуален акт без дадена согласност, спречување во располагање со лични приходи и средства и ограничување во користење на апарати од заедничкото домаќинство.
За времетраење на мерките, жртвата има право на полициска придружба доколку тоа го побара. Во зависност од секој индивидувален случај и потреба на жртвата кон насилникот се изрекуваат следните мерки:му се забранува да ја контактира преку телефон или социјални мрежи, да ја малтертира и на друг начин вознемирува. На насилникот му се ограничува движењето односно му се забранува да и се приближува на жртвата на растојание од 100 м а по потреба се остранува и од заедничкиот дом без оглед на тоа чија е сопственоста а се со единствена цел да се спречни насилството.
Во зависност од времетраењето и интентзитетот на насилството, мерките се изрекуваат за период од 3 до 12 месеци, со можност за нивно продолжување. Мерките ги изрекува судот а доколку истите не се почитуваат на насилникот дополнително му се изрекува парична казна во висина од 500 до 5000 евра во зависност од видот на мерката која не се почитува.
Овие постапки се исклучително брзи а жалба против одлуката не го задржува нивното извршување, што значи дека се применливи веднаш.