Недела како неработен ден

Согласно последните измени на Законот за работните односи кои стапуваат во примена на 01 јануари 2022 година, како ден на неделен одмор е утврден ден недела за сите работници со исклучок на оние кои работат на работни места каде е потребен континуитет во работата или работниот процес неможе да се прекине поради техничко технолошкиот процес како и работниците кои работат во трговија на мало и трговија на големо.


Работниците за кои денот недела не е ден за одмор имаат право на користење на неделен одмор во наредните седум дена како и право на додаток за плата за работа во недела која изнесува најмалку 50 % за секој поминат час на работа.


Работодавачот кој согласно својата дејност има право да ја обавува својата дејност во недела работењето треба да го пријави до надлжениот инспекторат пред да започне со работа.
Доколку работодавачот не ги исполнува законските услови за работа во недела или тоа не го пријавил, подлежи на забрана за работа поради сторена неправилност во траење од 15 односно 30 дена и прекршочен казнен налог. Во периодот на забрана за работа работодавачот не смее да ја намали платата на работниците или да го намали бројот на вработени.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *