Прекршок или крвично дело

Прекршочната санкција може да биде изразена во вид на опомен, глоба, одземање на возачка дозвола, забрана со управување моторно возило, итн.


Во нашата држава, се се повеќе актуелни прекршоците сторени во сообраќајот кои пак се регулирани со Законот за безбедноста на сообраќајот и патиштата. Пред се тоа укажува на непочитување на пропишаната регулатива, а со тоа и не водење грижа за безбедноста во сообраќајот како и грижа за сигурни патишта. Имајќи го во предвид ова, како најчест прекршок во однос на сообраќајот претставува управување со возилото под дејство на алкохол.
Согласно новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата, во членот 228 од законот, изрично се забранува управување со возило под дејство на алкохол.
За состојба под дејство на алкохол се смета содржина на алкохол во крвта над 0.50 g/kg, за што е пропишана глоба односно на сторителот на прекршокот му се издава прекршочен платен налог, чија висина зависи од содржината на алкохол во крвта.
Во одредени случаи каде содржината на алкохол во крвта е многу повисока покрај прекршочниот платен налог, може да се одреди и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
Имено, управувањето со моторно возило под дејство на алкохол, доколку тоа биде констатирано од страна на полициско службено лице претставува сторен прекршок за кој е пропишана соодветна казна/глоба.
Од друга страна управувањето со моторно возило под дејство на алкохол само по себе не преставува кривично дело, но во најголем број случаи може да биде главен фактор кој придонесува до случување на сообраќајна незгода, од која можат да бидат причинети телесни повреди, тешки телесни повреди или пак смрт на некое лице, што во ваков случај возачот на моторното возило кој ја предизвикал сообраќајната незгода е сторител на кривично дело, кое е инкриминарано во Кривичниот законик.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *