Оставина и оставинска постапка

Оставина и оставинска постапка

Наследувањето претставува пренос на имот на едно лице кое е починато врз други лица, односно неговите наследници, кои може да се јават како:


Законски наследници од прв, втор и трет наследен ред

Наследници врз основа на тестамент – тестаментални наследници

Оставител е лице чиј имот се распределува на неговите наследницинаследници

Оставинска постапка се поведува со поднесување на Предлог за поведување оставинска постапка до надлежен Основен суд, кој Предлог може да биде поднесен од било кој наследник на оставителот или пак преку адвокат со уредно полномошно.
Со воведените измени во Законот за вонпарнична постапка, од 1ви март 2008 година, нотарите се јавуваат како повереници на судот, па во однос на тоа со самото поднесување на Предлогот, надлежниот Основен суд назначува надлежен нотар кој ќе расправа за оставината.
По назначување на надлежениот нотар, наследниците најпрвин пристапуваат со наследнички изјави кои можат да бидат позитивни или негативни односно дека асе прифаќаат за наследници на оставината која по закон им припаѓа или да се откажат од наследување, па во таа насока се закажува рочиште за расправање на оставинската маса на оставителот, на кое рочиште задолжително е присуството на адвокат ангажиран од страна на наследниците, а по одржаното рочиште за расправање на оставината доколку нема никакви приговори или оспорувања, надлежниот нотар донесува Решение со кои ќе бидат огласени наследниците, како и имотот и правата кои се наследуваат.

Против ова решение законските наследници имаат право на приговор.
Правото за поведување на оставинската постапка не застарува!


Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *