Законот за кривичнaта постапка на РСМ предвидува можност за спогодување на јавниот обвинител и осомничениот за видот и висината на кривичната санкција за кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот.
Предлог спогодба може да се поднесе за секое кривично дело,без било какви ограничувања во однос на пропишаната кривична санкција.
Постапката за спогодување започнува од моментот кога една од странките јавниот обвинител или осомничениот изразиле волја за спогодување. Пред да се поднесе предлог.
- спогодба до судот, странките преговараат во делот на видот и висината на кривичната санкција во кое преговарање задолжително е присуство и на бранител на осомничениот избран по сопствен избор или по службена должност. Судот не смее да учестува во постапката за спогодување.
Потпишаната спогодба помеѓу странките до судот ја доставува надлежен јавен обвинител а судот во рок од 3 дена од приемот закажува рочиште за оценка на спогодбата на кое го повикува странките во постапката.
Судот одлучува дали ќе ја одбие предлог спогодбата или ќе донесе Пресуда врз основа на спогодбата. Судот пресудата ја објавува веднаш а ја изготвува во рок од 3 дена.
Важно е што осомничениот во текот на постапката за спогодување доколку потпише спогодба со јавениот обвинител меѓудругото треба да потпише и изјава дека доброволно и свесно ја прифаќа спогодбата и последниците кои произлегуваат од неа како и изјава дека дека се откажува од правото на жалба на Пресудата врз основа на предлог спогодба.