ПРАВО НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА

*Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години *

Вака гласи одредбата од Кривичниот законик која го регулира кривичното дело Телесна повреда. Секој кој што телесно ќе повреди друго лице, независно дали му е познато или не, или се работи за семејно насилство има право да поведе постапка пред кривичниот суд, со месна надлженост каде што е сторено делото, како би се утврдила вината на сторителот и истиот би бил казнет согласно законот.

Рокот за отпочнување на кривичната постапка е 3 месеци сметано од сторувањето на делото односно три месеци од дознавањето на идентитетот на сторителот.

Во текот на кривичната постапка, каде се утврдува вината на сторителот, жртвата има право само да предјави имотно – правно побарување но има право барањето за надомест на штета да го оствари и во текот на кривична постапка.

Сепак, судска пракса предвидува за побарување за надомест на штета тужителот да биде упатен на граѓанска парница пред граѓанските судови. Месно надлежен суд за остварување на надомест по основ на нематеријална штета е судот на подрајчето каде е сторено штетното дејствие и судот на подрачје каде тужениот има живеалиште или престојувалиште и тоа најдоцна во рок од 3 месеци сметано од правосилно завршување на кривичната постапка.

За да едно лице биде обештетено за повреда на неговите лични права односно заради здобиената физичка болка од повредата како и претрпена душевна болка заради страв, намалена животна активност или нагрденост жртвата пред поднесување на тужба потребно е да ангажира вешто лице за да изработи вешт наод и мислење од областа на психијатријата, каде преку непосреден разговор со вештото лице, ќе се утврдат висината и интензитетот на траење на физичката болка и душевното страдање на жртвата и врз таа основа се поставува тужбеното барање чија висина на тужбено барање за секој основ одделно го уредува адвокатот во консултација на својот клиент, тужителот.

1 Comment

  • 24 de December de 2024

    Ensaf

    \"Empower comprehensive legal solutions for prospective cases. Seamlessly deliver client-focused services while fostering.\".

Leave a Reply to ensaf Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *