Личното име се состои од име и презиме.
Најчесто, промената на лично име се бара по разводот на брак во случаеви кога жената при склучување на бракот го земала презимето на сопругот или кон своето презиме го додала презимето на сопругот.
Согласно Законот за личното име на РСМ, поранешниот сопруг неможе присилно ниту по судски пат да бара од својата поранешна сопруга промена на нејзиното лично име( презиме ) односно отстранување на неговото презиме од нејзиното лично име доколку тоа таа не го сака.
За секој кој сака да го промени своето лично име ( име и презиме ) постапката е следна:
Барањето за промена на личното име се поднесува во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи според живеалиштето на барателот.
Кон барањето се доставува:
- доказ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
- уплатница за уредно платена административна такса во износ од 300,00 денари;
- извод од матична служба на родените за барателот ; ( Пред поднесување на барањето за промена на презиме, правосилната пресуда за развод на брак треба да биде доставена до матичната служба и евидентирана во Изводот на родените на барателот за да тој побара промена на презиме по основ на развод)
- уверение односно известување од надлежен суд дека за подносителот на барањето не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност;
- уверение односно известување од надлежен центар за социјални работи дека подносителот на барањето ги има регулирано имотно-правни и други законски обврски што произлегуваат од брачниот однос.