Во нашето законодавство и судска пракса е забрането и недозволено двојно судење.
Што тоа значи?
На никого неможе повторно да му се суди или да биде повторно казнет во кривична или прекршочна постапка, во надлежноста на една иста држава за дело за кое веќе бил правосилно ослободен или осуден во согласност со законот и кривичната постапка на државата.
Оваа одредба е предвидена во член 4 став 1 од Протоколот бр. 7 на Европскиот суд за човекови права во Стразбург, кој протокол и предвидена одредба има особена примена во нашето законодавство и судска пракса.
Од тука, доколку за еден настан против вас се води прекршочна и кривична постапка во исто време а обележјето на делото во двете постапки е на ист начин опишано и се работи за еден ист настан ( исто време , час, лица, опис на дејствие) онаа постапка која прва правосилно ќе заврши се зема во предвид а ( втората ) постапката која сеуште е во тек надлежниот прекршочен орган / суд ќе ја отфрли со решение поради пресудена работа доколку вие доставите соодветен доказ дека за истиот настан има правосилна одлука од друг орган.