Доколку сте отвориле имотен лист и сте виделе дека е запишана погрешна површина, друго име запишано во ваш имотен лист, или границата на парцелата поместена онаму каде што не треба, преку пријава во Агенцијата за катастар на недвижности таа грешка може да се исправи.
👉 Агенцијата за катастар е должна да ги отстрани грешките направени при мерење и запишување на вашиот имот.
Под тоа спаѓаат:
— погрешно пресметана површина на парцела или стан
— погрешно цртање на граничната линија
— грешки при дигитализација на катастарски планови
— погрешни лични или адресни податоци
Поднесување на барањето за исправка на грешка е бесплатно кон Агенцијата за катастар на недвижности.
#катастар #имотенлист #грешкавокатастар #бесплатнаисправка #правананедвижности #адвокат #македонија #правенсовет #недвижности





